September 26, 2022 18:03
Балкан Економија

Србија има најскапи горива, а најевтин бензинот е во Црна Гора, а дизел во Македонија

Во трендот на намалување на цените на горивата во Србија се плаќа најмногу во споредба со другите државите од поранешна СФРЈ, објави денеска порталот Н1.

Цената на бензинот од 95 октани на пумпите во Србија од минатиот петок изнесува 184 динари, што според средниот курс на Народната банка на Србија е 1,57 евра, додека литар дизел чини 209 динари, односно 1,78 евра.

Бензинот (95) е најевтин во Црна Гора – 1,45 евра, додека најниска цена на дизелот во моментов има во Македонија, каде што чини 1,47 евра.

Во Хрватска од 9 август литар бензин од 95 октани чини 1,50 евра, додека цената на дизелот е 1,61 евро. Според регулативата што ја усвои Владата на Хрватска, сегашниот начин на пресметување на највисоките цени ќе се применува во наредните седум дена и ќе важи за сите малопродажни места.

На пумпите во Словенија на 2 август бензинот 95-ка поевтини за девет центи и чини 1,53 евра, а цената на дизелот е намалена на 1,67 евра за литар. Сегашните цени на горивата ќе важат до 16 август.

Литар дизел во Црна Гора чини 1,55 евра, додека во Македонија од 9 август цената на бензинот и дизелот е изедначена – 1,47 евра.

Цените на горивата во Босна и Херцеговина не се ограничени и се разликуваат од пумпа до пумпа. Во кантонот Сараево моментално најниската цена на бензинот е 1,51 евро за литар, а дизелот е 1,62 евра. Цените се уште поповолни во Мостар, каде литар бензин чини 95 октани може да се најде по цена од 1,46 евра, а дизел гориво за 1,59 евра, наведува Н1.