August 19, 2022 13:18
Македонија

Спасовски: Небулозни се тврдењата дека луѓе од службите предизвикувале нереди на протестите

„Чиста небулоза се тврдеањата дека луѓе од службите предизвикуваа нереди на протестите. Тие што ги организираа и ги доведоа луѓето во ваква ситуација, тие што ги советуваа луѓето дека со фантомки никој нема да им може ништо и ги натераа да кренат рака на полицијата, сега се повлекуваат и зборуваат дека тоа биле луѓе од службите“ рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.
Тој додаде дека ако тоа биле луѓе од службите тогаш МВР немало да постапува и да приведува и поднесува кривични пријави.
„Имаме 39 приведени лица и отпочнати кривични постапки за тоа шт ого направиле. Не е коректно спрема нив, да ги вовлечете во оган, а потоа да се повлечете“ рече Спасовски.
Министерот додаде дека МВР покажа професионалност за време на протестите и кажа дека кревањето рака на полицијата е кревање рака на државата.