December 10, 2022 07:22
Македонија

Спасовски: Маврово и Ростуше е подготвено за голема победа, Скудриње знае дека најдобриот избор е Медат Куртовски

Членот на ЦО, Оливер Спасовски денеска се сретна со жителите на Скудриње, родното место на кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски.

“Скудриње знае дека најдобариот избор за Маврово и Ростуше е Медат Куртовски. Медат тука ја донесе првата градинка, асфалтирани улици, реконструиран е локалниот пат во должина од 2.5 километри, изграден е дел од канализациона мрежа изработени се и шахти за приклучок на мрежата, извршена е санација на доводната цевка која поминува низ река Радика обезбеден е сигурен проток на водата до Скудриње и многу други проекти. Медат работи вредно и домаќинско. Не ги дели граѓаните, туку ги сполотува, правејќи улици кои ги поврзуваат населените места. Таков градоначалник му треба на Маврово и Ростуше”, рече Куртовски.

Во Скудриње е изграден е и потпорен ѕид на локалниот на местото каде што се појави свлечиште. Со ова е зголемена безбедноста иа жителите и возилата.

Во наредниот период, предвидена е да се изградат улици во населбата Падина и Шуплица. Скудриње ќе добие и нов паркинг простор, а ќе се уреди и паркингот во месноста Бигорец. За најмалите ќе се уреди детско игралиште, а ќе се исчистат и уредат дивите депонии.

Жителите на Маврово и Ростуше знаат дека со Медат Куртовски ќе продолжи развојот на општината со секое населено место.

СДСМ е гарант дека ветеното се исполнува, граѓаните ја препознаваат разликата и затоа в сабота, на 20 август, нивната поддршка и доверба е за Медат Куртовски.