October 1, 2022 19:36
Македонија

Со Медат Куртовски, Маврово и Ростуше доби нов лик, досега се инвестирани 32 милиони евра за инфраструктурни проекти

Членот на ЦО на СДСМ, Благој Бочварски, денеска се сретна со жителите на с. Врбен, во општина Маврово и Ростуше, од каде даде поддршка за кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски.

“Како поранешен градоначалник, можам да кажам дека упорноста и посветената работа треба да се едни од главните карактеристики за еден градоначалник. Медат го има токму тоа. Со својата кроткост и умешност, Медат, општината Маврово и Ростуше ја стави високо на листата на приоритети кај централната власт, поради што сега овој крај доби нов лик”, рече Бочварски.

Бочварски кажа дека само во Маврово и Ростуше се инвестирани 32 милиони евра во инфраструктура, а реализирацијата на проектите, ќе продолжи и во наредниот мандат на Куртовски.

“Во Врбен. со поддршка од централната власт го реконструираме локалниот пат до тука од Маврови Анови, во должина од 5,8 километри, со што жителите од населените места добиваат нова и побезбедна патна врска.

Во овој момент се одвива и рехабилитацијата на регионалниот пат Маврови Анови – Жировница, во должина од 18 км и изградбата на комплетно нов патен правец од Извор кон Гарски Мост, во должина од 19 км, за кој инвестираме 20 милиони евра”, рече Бочварски.

Во наредниот период, со Медат Куртовски како градоначалник на Маврово и Ростуше, во Врбен е предвидена и изградба на на нова водоводна линија, реконструкција на локалниот пат, како и чистење  и уредување на диви депонии.

” Граѓаните ја направија разликата и затоа на 20 август несомнено нивната поддршка е за Медат”, изјави Бочварски.