October 1, 2022 19:21
Скопје

Следните пет дена прекин во водоснабдувањето во Љубанци

Следните пет дена, почнувајќи од утре до понеделник, од 9 до 15:30 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето во скопското село Љубанци.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, корисниците ќе бидат без вода поради реконструкција на водоводна мрежа и технички зафати во каптажата во село Љубанци.