October 6, 2022 13:09
Македонија

Скудриње ја дава поддршката за Куртовски, за Маврово и Ростуше да продолжи да се развива

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска се сретна со мештаните од Скудриње, населено место кое ја има првата и единствена градинка изградена во Маврово и Ростуше.

Во соработка со централната власт, Медат Куртовски на своето родно место му ја обезбеди градинката “Брешиа”, каде се згрижени дваесетина деца чии родители работат во ближната фабрика.

Локалното население во Скудриње својата поддршка ја дава за нов мандат на Медат Куртовски.

Во Скудриње е изграден локален пат, обезбедена е чиста вода за пиење,средена водоводна мрежа, реновирано училиште, како дел од бројните проекти кои Куртовски ги реализирал во своето родно место.

Во наредниот мандат на Куртовски, Скудриње ќе добие нов паркинг простор за мештаните и нашинците од ова место.