September 28, 2022 14:11
Скопје

Скопјани нема да добијат брз автобуски транспорт (БРТ)

Скопјани нема да добијат брз автобуски транспорт (БРТ) во Скопје оти градските власти одбиваат да го реализираат проектот вреден 70 милиони евра, за кој веќе се обезбедени средства преку заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Инаку, претходното градско раководство во октомври лани го распиша меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, со должина од 12,81 километрипишува мета.мк.

Планирано беше овој вид на транспорт да стане алтернативен, побрз и покапацитетен јавен превоз во Скопје, кој требаше да има одвоена траса на движење по скопските булевари. Исто така, со проектот требаше да се купат нови, еколошки автобуси долги 18 метри, да се изведат 21 автобуска постојка за патниците долж целата траса, како и 2 терминала во Ѓорче Петров и Ново Лисиче. Со имплементацијата на БРТ, се очекуваше времето на патување со јавниот превоз во Скопје од сегашните 70 минути, да се преполови на 35 минути.

Од Министерството за транспорт и врски за Мета.мк информираат дека Градот Скопје на чело со градоначалничката Данела Арсовска, одбило да го реализира проектот за брз автобуски транспорт во Скопје, од нејасни причини, без да образложи зошто одбива да воведе нов транспортен систем со кој ќе се намалеа гужвите низ градот.

„Средствата предвидени во буџетот на Министерството за транспорт и врски се повлечени со ребалансот на буџетот кој пратениците го изгласаа во Собранието. Сè уште нејасно е зошто Град Скопје одби неповратни средства од 70 милиони евра од Владата за проект кој ќе значеше брз, безбеден и поекономичен транспортен систем за Скопјани“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Мета.мк, изминатиов петок испрати прашања и до Градот Скопје во врска со реализацијата на брзиот автобуски транспорт, но до денеска не добивме одговори на поставените прашања. Меѓу останатото, ги прашавме градските власти, што е договорено во преговорите со Европската банка за обнова и развој, за која самата градоначалничка Арсовска во јуни годинава рече дека се воделе разговори во изминатиов период.

Повеќе од тестот на следниот ЛИНК