October 1, 2022 19:16
Хроника

Скопјанец загина во судир на „хјундаи“ со камион кај Тајмиште

Фото: Слободен печат/Милорад Стојмановски

На 08.08.2022 во 06.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(35) од Скопје. На местото на несреќата починал возачот Д.А., a смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево.

Со  тешки телесни повреди  се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје.
Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.