December 6, 2022 01:00
Хроника

Се судрија два мотори под Кале, настрада возач на трицикл на Илинденска

На 18.08.2022 во 11.40 часот било пријавено дека на 17.08.2022 околу 07.30 часот на ул.„Лазар Личеноски” се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јонвеј”, управуван од А.К.(44) од Скопје, патничко возило „ауди”, управувано од М.С.(27) од Куманово и мотоцикл „пијаџо”, управуван од В.Ц.(40) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 18.08.2022 во 16.25 часот било пријавено дека на бул.„Илинден” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес”, со кочански регистарски ознаки, управувано од К.К.(27) од Кочани и трицикл „томос”, управуван од Е.Р.(35) од Скопје.

Во несреќата Е.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.