September 28, 2022 14:06
Скопје

Се отвараат летните дискотеки во Скопје

 Сакаме да ве известиме дека нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции и во заедничка координација со сите служби најдовме решение и од денес можеме да прогласиме дека СКОПЈЕ ЖИВЕЕ ПОВТОРНО, МЛАДИТЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ИМААТ КАДЕ ДА СЕ ЗАБАВУВААТ И СОЦИЈАЛИЗИРААТ.

Изразуваме голема благодарност до медиумите, јавноста, Градоначалничката на град Скопје  – Данела Арсовска, Советот на Град Скопје, Министерот Оливер Спасовски заедно со Секторот за внатрешни работи на Скопје и Министерот за Економија Крешник Бектеши кои придонесоа да добиеме дозволи за работа за 2022 година и ни овозможија како и во минатите 30 години да им понудиме на младите во Скопје ноќен живот после полноќ.

Младите во Скопје ќе ја имаат истата можност како младите низ Македонија и низ светот да се забавуваат, социјализираат во нормални и безбедни услови во летните ноќни клубови.