September 26, 2022 19:00
Балкан

Се огласиле сирените за тревога во Сараево, граѓаните во паника

По грешка на сараевската Општина Центар, денеска напладне се вклучиле сирените за тревога, што вознемирило многу граѓани.

Сараевската телевизија N1 објави дека оперативниот центар на Цивилната заштита на кантонот Сараево појаснил дека тоа е вина на Општина Центар. Оперативниот центар набргу потоа бил преоптоварен од повиците на граѓаните во врска со овој случај.

„Ја известуваме јавноста дека сирените се огласени по грешка, без потребното соопштение и предупредување. Сирената беше програмирана да се огласи минатиот месец, односно на 11 јули во 12 часот во спомен на жртвите од геноцидот во Сребреница. По грешка програмата за овој месец остана иста“, изјавиле од тамошната Општина Центар.

На граѓаните им порачале дека нема причина за загриженост.