September 28, 2022 14:19
Свет

САД ќе почнат трговски преговори со Тајван

Американската влада најави дека ќе почне преговори со Тајван за склучување трговски договор.

Информацијата беше објавена од американското Tрговскo претставништво откако Пекинг спроведе воени вежби што вклучуваа истрелување проектили во водите околу Тајван во обид да се заплаши островот по посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Во денешното соопштение не се спомнуваат тензиите со Кина, но се вели дека разговорите биле насочени кон зајакнување на соработката меѓу Вашингтон и Тајпеј за трговијата и регулативите, чекор што ќе доведе до поблиска интеракција меѓу официјалното ниво.

САД немаат официјални односи со островот, но одржуваат контакти преку Американскиот институт во Тајван. Со федералниот закон од Вашингтон се бара да се погрижи островот да има доволно средства за да се заштитува.