September 28, 2022 14:50
Свет

САД наесен испраќаат дополнителни 260 војници во Европа

САД ќе распоредат наесен дополнителни 260 војници во Европа како поддршка на своите сојузници на континентот додека руската војна во Украина влегува во седмиот месец, соопшти Армијата.

Војниците бидат од 101-та дивизиска бригада од Форт Кембел, Кентаки, се вели во соопштението на армијата.

Војниците ќе помогнат „да ја поддржат непопустливата посветеност на САД кон нашите европски и НАТО сојузници” . Ова привремено распоредување е одговор на инвазијата врз Украина и не е трајна промена на целокупната позиција на армиските сили во Европа”.