September 28, 2022 13:54
Свет

Руската контрола на нуклеарната централа во Украина го загрозува регионот

Групата седум индустриски најразвиени земји  ја осуди руската окупација на нуклеарната централа Запорожжје и ја повика Москва веднаш да и ја врати целосната контрола на централата на Украина.

Украинскиот персонал што управува со централата „мора да биде способен да ги извршува своите задачи без закани и притисок. Континуираната контрола на Русија врз централата е таа што го загрозува регионот”, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на Г7.