September 28, 2022 14:29
Свет

Русија ја завзема нуклеарката Запорожје за да може да ги снабдува со струја окупираните територии

Нуклеарниот експерт, Тарик Рауф вели дека Русија можеби ја завземала централа Запорожје, најголемата во Европа, за да го снабдува со електрична енергија украинскиот регион кој таа неодамна го окупираше.

-Петнаесет електрани во Украина заедно обезбедуваат 50 отсто од електричната енергија потребна на Украина. Русија ја окупираше и ја запоседна нуклеарната електрана Запорожје, според мене за да ги снабдува со електрична енергија источните делови на Украина кои Русија ги окупираше за време на оваа војна, изјави Рауф за Ал Џезира.

Засега не се знае каква е состојбата во нуклеарната централа. Зошто Украинците ја гранатираат кога таму имаат свој народ но и зошто Русите во исто време би гранатирале таму кога имаат свои војници и технички експерти?

Во меѓувреме Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се уште чека да добие дозвола за да испрати технички тим и да открие кои се фактите на теренот.

-Структурите на овие електрани се изградени да издржат одредени директни оштетувања. Така, степенот на оштетување зависи од видот на нападот. Мислам дека е малку веројатно артилериската граната да стигне до внатрешниот дел на реакторот. Но, повторно, ова се работи кои не треба да ги тестираме. Мораме да се погрижиме тоа никогаш да не се случи, додава Рауф.

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ денеска објави дека еден работник е ранет при руско гранатирање на централата.

Местото на суво складирање со потрошено нуклеарно гориво во електраната, се наоѓаат 174 контејнери со нуклеарен отпад кои деновиве беа погодени со ракети, објави Енергоатом преку социјалната мрежа Телеграм. Нуклеарката Запорожје беше окупирана од руските сили во почетната фаза на војната, но сè уште ја водат украински техничари. Наводно, еден период таму живееле и техничари од руски Росатом, но неодамна се иселиле.