December 6, 2022 02:06
Спорт

Руни го нарече Мбапе егоист: Со 23 години си дозволува да го турка Меси

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Вејн Руни го критикуваше играчот на ПСЖ, Килијан Мбапе, поради неговиот вербален и физички конфликт со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси.

Инцидентот се случи на натпреварот од француското првенство меѓу ПСЖ и Монпеље.

Мбапе прво влезе во вербален судир со Меси, откако аргентинскиот фудбалер ја зеде топката в раце за да изведе пенал, по што беше грубо оттурнат од неговиот соиграч.

– Фудбалер кој има 23 години си дозволува себе си да го турка Меси? Не сум видел во животот поголемо его, изјави Руни, пренесуваат британските медиуми.

– Некој би требало да го потсети Мбапе дека Меси на негова возраст имаше освоено четири Златни топки, додаде Руни.