September 28, 2022 15:13
Свет

Рекорден број луѓе го следеа на интернет летот на Пелоси до Тајван

Летот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, од Малезија до Тајван го следеа рекорден број на луѓе, соопшти Службата за набљудување летови „Флејтредар 24″ (Flightradar24).

Повеќе од 708.000 луѓе го следеа слетувањето на Пелоси во Тајпеј, додека делови од летот СПАР19 го следеа 2,92 милиони луѓе.

Пелоси леташе седум часа од Куала Лумпур до Тајпеј, избегнувајќи ја директната рута над Јужното Кинеско Море.

Поради посетата на Пелоси на Тајван, Кина се закани со контрамерки, дури не исклучи ниту воена акција. Непосредно пред пристигнувањето на Пелоси, кинески борбени авиони прелетаа над Тајвански Теснец.