September 26, 2022 18:10
Свет

Резников: Во Украина пристигна нова пратка оружје од Велика Британија

Во Украина пристигна нова пратка оружје од Велика Британија, соопшти денеска украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

–  Во Украина пристигнаа ракетни фрлачи М270, појасни тој.

Резников на Твитер им се заблагодари на британскиот министер за одбрана, Бен Волас, како и на британските граѓани за претходно ветената донација.

– Вашата поддршка е многу важна за Украина. Нашата војска вешто ќе ја користи оваа „замена” на бојното поле, додаде министерот.