September 28, 2022 14:22
Свет

Путин му напиша писмо на Ким Џонг-ун

Рускиот претседател Владимир Путин напиша во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја дека Русија и Северна Кореја ќе ги прошират билатералните односи, објавија во понеделник државните медиуми во Пјонгјанг.

Во писмото до Ким, Путин рече дека Русија и Северна Кореја „ќе ги прошират сеопфатните и конструктивни билатерални односи преку заеднички напори“.

Путин оценил и дека поблиските врски ќе бидат во интерес на двете земји и дека тие ќе помогнат да се зајакне безбедноста и стабилноста на Корејскиот полуостров и регионот на североисточна Азија, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.