October 5, 2022 14:36
Македонија

Просечната плата во јуни 31.869 денари, раст од 10,9 отсто, следува раст на платите во сите сектори

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Мерките и политиките на институциите предводени од СДСМ и во време на глобална криза даваат резултати, платите и пензиите растат, се отвораат нови работни места.

Според последните податоци на државниот завод за статистика процечната плата за јуни годинава изнесува 31.869 денари. Јунската нето плата е зголемена 10,9 отсто во однос на истиот месец од 2021 година.

Во изминатите 4,5 години двојно ја зголемивме минималната плата, просечната плата се зголеми за околу една третина, на над 500 евра .

Платите растат и ќе продолжат да растат во сите сектори.

Веќе од септември следува покачување на платите во образованието и детската заштита.

Платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто.

Со новиот Закон за служба во Армијата, платите во одбраната од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари.

Се грижиме и за пензионерите.

Пензиите во последните четири и пол години се зголемени за над 2.000 денари, а од септември, благодарение на новата методологија, следува ново историско покачување на пензиите.

Во рамките на нашите заложби за заштита на стандардот на граѓаните, секој пензионер со мартовската, априлската и мајската пезнија доби по 1.000 денари помош.

Со одговорни и ефикасни економски политики, Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните и истовремено обезбедува услови за динамичен и конкурентен развој економијата и отворање на нови работни места.

Само најновата голема странска инвестиција со која ќе се отвори фабрика за целосно производство на електрични автомобили во Тетово ќе отвори најмалку 900 работни места, но ќе придонесе и за севкупниот економски развој на државата.

Сето ова е показател дека економијата е стабилна, динамична и развојна, подготвена да се носи со идните предизвици.

Грижата за граѓаните е наш врвем приоритет. И во време на глобална економска криза остануваме посветени на мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во секое семејство и развој на економијата.