October 5, 2022 12:57
Балкан

Приштина ја ослободи руската новинарка, но ја протера, иако се закануваше дека ќе ја предадат на Украина

Новинарката на „Комсомољска правда“ Дарија Асламова ја контактираше редакцијата во Москва и соопшти дека е во Рашка. Надлежните на привремените институции во Приштина во текот на ноќта ја ослободиле од полицијата, по што со автобус го напуштила Косово и Метохија.

Дарија Асламова објави дека додека била во полиција во јужната српска покраина, и било кажано дека може да биде заменета за Американците или предадена на Украина.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, соопшти дека Асламова е е прогласена за „персона нон грата“ . Во соопштението се наведува дека и е забранет влез во Косово во траење од пет години.

-Секој кој со одредени цели или директиви ќе ја прекрши или ќе се обиде да ја дестабилизира нашата земја, без сомнение ќе се соочи со силата на законите на Република Косово, напиша Свечља.

Преку објава на Фејсбук, Свечла вчера рече дека „многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руското воено разузнавање и дека дејствувала под маската на новинарството“.

– Учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија на Украина, напиша Свечља.

На некои фотографии што ги сподели преку својата објава на Фејсбук, Асламова се гледа со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и сирискиот претседател Башар ал Асад.

Свечља рече дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности, а според него, на Асламова и е забранет влез во многу земји.

– Нејзиниот обид да влезе во нашата земја, покрај тоа што се совпаѓа со случувањата на северот на земјата, јасно ги докажува руските врски и пропаганди на кои Србија веќе се приклучи и кои имаат за цел да ја дестабилизираат нашата земја, рече меѓу другото Свечља.