October 1, 2022 18:54
Uncategorized

Приведен 27-годишник од Теарце поради сомнение дека извршил „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете”

СВР Тетово соопшти дека вчера во тетовско Теарце е приведен 27-годишник поради сомнение за извршено дело „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете кое не наполнило 14 години”. Тој тоа го направил врз малолетничка од Косово преку социјалните мрежи.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10 август) околу 17 часот, во тетовско Теарце, го лишиле од слобода 27-годишниот М.А. од ова село, поради сомнение дека извршил „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете кое не наполнило 14 години”. Станува збор за малолетничка од соседно Косово, а делото, според пријавеното, било извршено преку социјални мрежи, информираат од СВР Тетово.

Полицијата работи на расчистување и документирање случајот, по што против М.А. ќе следува соодветен поднесок.