September 28, 2022 15:05
Uncategorized

Приведен криумчар во Дебар, превезувал пет лица мигранти

Полициски службеници од ОВР Дебар вчера околу 13.30 часот во Дебар го лишиле од слобода Т.Ѓ. (58) од Прилеп.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Т.Ѓ. е проведен затоа што во приколка од товарно возило кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти: А.Ш.(25) и М.Х. (38) од Сирија, Е.Т. (24) и И.И. (27)  од Пакистан и М.Д. (20) од Авганистан.

– Т.Ѓ. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Прифатно-транзитен центар „Табановце” за натамошна постапка, информира МВР.