September 28, 2022 13:50
Uncategorized

Приведен крадец од Скопје за издржување 30-месечна казна затвор

На 03.08.2022 на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје”, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Н.(37) од Скопје. Тој бил баран по потерница за издржување казан затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.