October 5, 2022 13:22
Uncategorized

Приведен крадец во Штип, расчистени две кривични дела 

На 10.08.2022 по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.М.(33) од Штип. Тој се сомничи дека на 29.07.2022 на ул.„Ванчо Прќе” во Штип извршил кривично дело „тешка кражба” на дрзок начин, одземајќи ѝ ташна и мобилен телефон на 82-годишна жена, и кривично дело „кражба”, извршено на 30.07.2022, при што од работна просторија во состав на Клиничката болница Штип одзел торба со лап топ компјутер и други предмети, сопственост на вработен во болницата. Во просториите на СВР Штип при извршен службен разговор, осомничениот ги појаснил времето, местото, начинот и околностите на вршење на кривичните дела, како и на лицата на кои им ги продал одземените предмети. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случајот против Д.М. до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.