August 15, 2022 21:59
Uncategorized

Приведен дилер на дрога баран по централна потерница

Денеска (05.08.2022) во 10.00 часот на улица „Иљо војвода” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Г.(50) од Скопје. За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.