October 5, 2022 14:00
Македонија

Почина проф.д-р Димитар Бајалџиев

На 78 години вчера почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први”-Скопје, на Катедрата за воведни и теоретски правни науки.

-Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател. Проф.д-р Димитар Бајалџиев беше и поранешен Министер за образование и наука, поранешен декан на Факултетот и член на Деканатската управа, напишаа неговите колеги.

Бајалџиев починал вчера, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 16.08.2022 година (вторник) од 13 до 14 часот.