October 3, 2022 17:42
Скопје

Поради дефект на водоводна мрежа без вода делови од Усје

Поради уличен дефект ф-2″ на улица „Борис Трајковски” бб во село Усје, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ова населено место.

Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација”, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 09:45 часот, па се до завршување со санација на дефектот.