October 5, 2022 14:08
Балкан

Полицијата при претрес во куќата на монструмот од Цетиње пронашла осум куршуми и 4.200 евра

Од Полициската управа на Црна Гора официјално е соопштено дека при претрес во куќата на монструмот Вук Бориловиќ кој уби дестмина сограѓани во Цетиње, биле пронајдени 4.200 евра и осум куршуми за ловечка пушка. Куќата на Бориловиќ, како што е соопштено, е претресена по наредба на надлежниот судија за истрага, пренесува црногорски Вијести.

Полицијата не пронашла камери во куќата на масовниот убиец Вук Бориловиќ, но открила снимка од надзорните камери поставени на неколку згради во близина.

-Со проверка не се пронајдени камери. Од неколку локации полицијата запленила снимка од видео надзор за која се верува дека може да даде информации за споменатиот настан, соопшти Полицијата.

Бориловиќ (34) е убиен откако претходно уби 10 соседи, меѓу кои две деца, а шестмина тешко рани.