October 1, 2022 19:19
Свет

Пожарот во природен парк во Португалија под контрола, уништени 17.000 хектари шума

Шумски пожар во паркот на природата Сера де Сетрела во централниот дел од Португалија е ставен под контрола соопшти денеска цивилната за штита. Во пожаот што беше активен една недела изгореа 17.000 хектари. Припадници на цивилната заштита и понатаму се на теренот.

Од 2020 година тој парк е на листата на Унеско. Од почетокот на годината речиси 80.000 хектари шума изгореа во пожари во Португалија.