September 30, 2022 22:49
Магазин

Пит Дејвидсон на терапија за траума по вознемирувањето на Канје Вест на социјалните мрежи

Пит Дејвидсон, наводно, побарал лекарска помош по неодамнешната разделба со Ким Кардашијан и постојаното онлајн малтретирање што го претрпе од нејзиниот поранешен сопруг.

Пит е подложен на трауматска терапија по тролањето на Канје, објавија шоу-биз медиуми цитирајќи извор близок со комичарот.

Пит, кој отворено зборуваше за своето искуство со гранично нарушување на личноста, прилично се загрижи за себе откако стана мета на раперот Канје, поранешниот сопруг на сега веќе поранешната девојка Ким Кардашијан.

Канје беше многу гласен на социјалните мрежи за тоа колку не му се допаѓа нејзината врска со Пит.

Според медиумски извештаи, 28-годишниот комичар, кој минатата недела раскина со 41-годишната реалити-ѕвезда, одлучил да се лекува по тешките искушенија и закани од поранешниот сопруг на Ким.

„Пит е потресен бидејќи не успеа со Ким, не можеа да функционираат, но тој е фокусиран на иднината во смисла на својата кариера и личниот живот,“ инсајдер изјави за ‘Ентертејнмент тунајт’.

Последен напад беше објавата на Инстаграм на раперот Џисус Волкс, кој сподели макета од насловна страница на „Њујорк тајмс“ на која пишуваше: Скејт Дејвидсон почина на 28 години.

Ким, која има четири деца со Канје, била бесна поради најновата во серијата закани против нејзиниот партнер.

„Ова е уште еден од неговите испади и тоа за неа не е шега. Ким не ги сфаќа лесно ваквите напади,“ рече извор близок со Ким.