October 5, 2022 13:40
Хроника

Пироман виден како со запалка запалил трева кај Парагуша, полицијата трага по него

На 09.08.2022 во 11:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај патот кој води за с.Парагуша, било забележано едно лице, кое управувало патничко возило „шкода фелиција”, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, по што се упатило кон с.Долно Количани.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје.

За случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.