October 3, 2022 16:21
Македонија

Петровска оддаде почит во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила

Денеска, во спомен на осумтемина бранители и припадници на Армијата кои животот го загубија кај месноста Љуботенски Бачила, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, положија венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите бранители кај Љуботенски бачила.

 

Во чест на загинатите, а како дел од низата одбележувања на овој настан, министерката Петровска како предводник на владината делегација во чиј состав беше и советникот за одбрана на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, положија венец со свежо цвеќе и пред спомен плочата на загинатите бранители во касарната „Илинден” во Скопје.

 

На овој ден, пред 21 година, на патот кај месноста Љуботенски бачила животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошевски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.