December 6, 2022 01:20
Македонија

Петровска и Трипуновски: Да гласаме за број 1, да гласаме за европско Тетово

На вечерашната промоција на кандидатите на советничката листа на СДСМ за Тетово, свои обраќања имаа кандидатите за советници Наташа Петровска и Стојанчо Трипуновски.

Петровска и Трипуновски истакнаа дека како советници во идниот состав на Советот на општина Тетово ќе се залагаат нивните сограѓани да добијат подобри услови за живот.

Тие посочија дека се подготвени заедно со советниците од коалициските партнери да се посветат на реализација на мерки и проекти кои обезбедуваат напредок на општината во секое поле, во делот на инфраструктурата, образованието, културата, спортот.

„Знаеме дека сите ние му мислиме добро на наше Тетово, затоа на 20 август да гласаме за европско Тетово, да гласаме за број 1, за советничката листа на СДСМ и коалицијата!” порачаа Петровска и Трипуновски.