September 26, 2022 18:33
Свет

Пелоси: „Посетата на Тајван беше апсолутно корисна“

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, изјавила дека нејзината посета на Тајван била апсолутно корисна.

Таа додала дека САД не можат да дозволат Кина да го изолира островот.

„Не можеме да дозволиме кинеската влада да го изолира Тајван“, рекла Пелоси во интервју за NBC, а пренесе Ројтерс. Таа додала дека кинеската влада нема да определи кој може да оди во Тајван.

Пелоси направи кратка и ненајавена посета на Тајван на 3 август, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во тајванскиот теснец.

Тоа беше прва посета на претседател на Претставничкиот дом на Тајван од 1997 година.