September 26, 2022 17:57
Македонија

Партиско полициското малтретирање на граѓаните за Илинден е знак за немоќта и очајот на власта- народот ќе дојде по своето

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

СДСМ и Кузеска денес требаше да му се извинат на народот, за тоа што прославата на Мечкин Камен ја претворија во партиско полициско малтретирање на граѓаните. Власта треба да одговори од што се плаши и зошто се штити од својот народ.

Јавноста виде дека со полиција и партиска параполиција удрија по присутните на Мечкин Камен. Тоа е сликата која ја виде цела Македонија. Снимките покажуваат дека оваа ненародна власт го замолчуваше својот народ, ги тегнеше, малтретираше и удираше за да не биде вознемируван врвот на нивната партија. Ако ова е достоинствено за СДСМ, тогаш навистина имаат проблем со разбирање на терминот и значењето на одбележувањето на Илинден.

Оваа власт, која удира директно по идеалите на илинденска и Асномска Македонија, со сила се брани од своите граѓани. Но тоа е само знак на нивната немоќ и очај. Кузеска и СДСМ знаат дека на сила ќе се одржат само уште малку, а потоа народот ќе дојде по своето.