August 19, 2022 12:56
Скопје

Отстранети 60 кубни метри отпад од обемна дива депонија во Топаана

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија над 60 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Чаир, во населбата Топаана, на раскрсницата меѓу булеварот Македонско-косовска бригада и улицата Џон Кенеди. При реализацијата на активностите беа ангажирани 10 работници на терен, со употреба на специјални комунални возила – подигнувач, багер и две патарки.

И покрај континуираните активности на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во реонот на населбата Топаана речиси секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на неправилното одлагање на отпадот на јавни и сообраќајни површини.

Во текот на првата половина на годината, екипите на Претпријатието подигнаа приближно 6000 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на Градот Скопје.