September 26, 2022 18:30
Македонија

Отворен ден на УКИМ на 19 август

Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 19 август го организира традиционалниот настан ,,Отворен ден на УКИМ“.

Од УКИМ соопштуваат дека настанот ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10:00 – 12:00 часот и од 12:00 – 14:00 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

-Отворениот ден на УКИМ нуди можност за матурантите да се запознаат со професорите и студентите – нивните идни колеги, да прашаат сѐ што ги интересира: за студиските програми, за можностите за стипендирање, за искуствата и активностите на студентите, за вклученост во научноистражувачките проекти, за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности. Отворениот ден на УКИМ е одлична можност матурантите да се запознаат и уверат во одликите на УКИМ што го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот – истакнуваат од УКИМ.