October 3, 2022 15:53
Македонија

Османи: Рамковниот договор, еден од уставните и политички темели на современа Северна Македонија

Дваесет и една година Охридски рамковен договор, еден од уставните и политички темели на современа Северна Македонија, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Градејќи ја нашата европска иднина, продолжуваме да инвестираме во нашиот автентичен модел на функционална мултиетничка демократија. Договорот претставува вредно наследство на оваа генерација и еден од клучните столбови на стабилноста и меѓуетничката кохезија на Северна Македонија, истакна Османи на ФБ.