October 1, 2022 19:16
Македонија

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

Свештениците од тетовската епархија при Македонската православна црква денеска осветија новоизградена црква-параклис посветен на светата преподона маченичка Параскева по повод денешниот ден на светицата позната во народот како Света Петка. Осветувањето го изврши владиката г. Јосиф во сослужение со повеќе свештеници.

– На празникот Преподобна-маченичка Параскева-Петка во село Лешок митрополитот Тетовско-Гостиварски г.Јосиф во сослужение на протоереј Маријанчо Мадевски, протоереј Трпе Богоевски, протоереј Александар Стојановски и ереј Велјанчо Огненовски изврши мало осветување на параклисот посветен на Света Петка. Од името на свештенството и верниот народ од нашата епархија, митрополитот г.Јосиф во својата беседа му заблагодари на семејството на Игор и Наташа Апостолоски од село Лешок кои се ктитори на параклисот и им додели благодарница. По осветувањето беше прекршен и благословен празничниот колач, информираа од тетовската епархија при МПЦ.

Во наредниот период треба да се доцрта фрескоживописот во оваа црква чија градба заврши во текот на пролетните месеци од 2022 година.