August 12, 2022 02:11
Скопје

Општина Гази Баба ќе субвенционира дел од трошоците за чистење на оџаци

Општина Гази Баба распиша јавен повик за субвенционирање на домаќинствата за надоместување на дел од трошоците за чистење на оџаци за 2022 година.

Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Гази Баба, е нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Јавниот повик ќе трае од 30.07.2022 година до (заклучно со) 30.11.2022 година, односно до исцрпување на финансиски средства обезбедени за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2022 година.