December 6, 2022 21:30
Македонија

Објавено видео од палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

На социјалните мрежи се појави видео од безбедносната камера во близина на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, на кое се гледа моментот на опожарувањето на објектот.

На видеото се гледа обвинетиот пејач Ламбе Алабаковски, кој доаѓа маскиран со велосипед во непосредна близина на клубот. Велосипедот го остава, по што се враќа и ја пали влезната вратата од објектот, а потоа бега во правецот каде што го остави велосипедот.

Клубот „Ванчо Михајлов“ беше запален на 4-ти јуни. Алабаковски подоцна беше приведен, во полициска станица го призна делото, а судењето се очекува во септември.