October 5, 2022 14:16
Хроника

Обид за убиство во „Идризово“- затвореник прободен со нож

На 06.08.2022 во 00.20 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 23.40 часот во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга.

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што пишува Скопје1, прободениот затвореник со државјанство на САД и осуден за трговија со дрога имал нарушени односи со друг затвореник. Тој во неколку наврати го предупредувал директорот Шпенд Таири дека може да настрада и барал преместување во други простории, но неговите барања биле игнорирани.

Управата за извршување на санкции во изминатиов период направи рации во сите затвори и најде ножеви, мобилни телефони кај затворениците, но очигледно дека тешко може да се спречи осудениците да поседуваат недозволени предмети.