October 6, 2022 13:49
Македонија

Обвинителката Русковска деновиве ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија

Обвинителката Вилма Русковска деновиве ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавните обвинители.

Русковска за Канал 5 потврди дека го добила решението со кое не смее да се доближи до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителството неа ја суспендираше откако Муареми поденесе кривична пријава против неа и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, а проценката била дека само Русковска треба да добие суспензија додека трае постпаката по кривичната пријава. Во обвинителството пак се разгледуваат сите опции по дисциплинските постапки против обвинителките откако републичкиот обвинител Љубомир Јовески утврди дека претресот бил намерен и неоправдан.