August 19, 2022 14:04
Скопје

Новиот директор на ЗОО демантира дека е член на ГРОМ или било која друга парија

Новоназначениот директор на скопската Зоолошка градина, Драган Илиевски ги демантира пишувањата во одредени медиуми дека е член на ГРОМ, а забелешки за начинот на неговиот избор имаат и од СДСМ.
-Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа. асно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ. Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени, вели Илиевски во демантот.