October 6, 2022 12:43
Свет

Не е изгаснат пожарот во руската воена база на Крим

Во руската воена база во близина на Џанкој на Крим денеска, еден ден по нападот, сè уште има пожар и се слушаат експлозии од магацинот за оружје.

Вршителот на должност премиер на Крим, Сергеј Аксјонов изјави дека пожарот се гасне и од воздух со хеликоптер. Тој исто така наведе дека се трага по извршителите на нападот.

Поради пожарот и експлозиите евакуирани се повеќе од 3.000 луѓе.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека експлозиите во складиштето за муниција на Крим се саботажа.

„Скај њуз” (Sky News) објави дека нападот  е извршен од украинските специјални сили кои дејствуваат во Крим, кој е под руска окупација.