December 5, 2022 23:14
Македонија

Неправедна перцепција за Габриел Бајрам!

Габриел Бајрам, личност која општеството неправедно го осудува! Во јавноста преставен како сомнителен, во реалноста – душа како планина. Фобија од презимето – БАЈРАМ !!! Како и секаде во светот така и овде во Македонија, дискриминацијата и нетолеранцијата е опасен вирус на ова општество. Ако на таа дискриминација и се додаде и сензационализам, резултатот е катастрофален по оноја кому е наменета таа теза. Овие приказни и „ниски удари„ кон семејството Бајрам датираат уште од времето кога сега покојниот некогашен бизнисмен, а подоцна и пратеник г-дин Амди Бајрам ја започна својата бизнис и политичка кариера.

Габриел Бајрам е сопруг, татко на две деца, и дедо на мала внука која штотуку наполни една година. Габриел Бајрам е син на покојниот Амди Бајрам, која јавноста, покрај другото го познава и како градител на неколку верски објекти низ Северна Македонија (џамии и цркви) и голем хуманитарец.

Уште како мал, Габриел бил темпераментно дете кој отсекогаш сакал да се дружи со другари, без разлика на нивната етничка припадност. Секогаш бладонаклонет кон останатите, неговиот карактер и харизма продонесе да ги прошири своите познаства и да стекне пријатели насекаде низ нашата земја. Уште од тогаш, воспитан од своите родители по семејната идеологија: Раката која дава не се суши. Следејќи ја таа позната максима, тој отсекогаш помагал на своите пријатели, на своите познаници па дури и на луѓе кои воопшто не ги познавал, најмногу поради карактерот на добродушноста и воспитаноста од своите родители дека тој што има повеќе треба да подели со оние кои во моментот бараат помош.

Иако беше син на Амди Бајрам, Габриел, отсекогаш заработувал сам и не го користел авторитетот на својот родител за да придобие моќ или било каков и да е престиж. Отсекогаш кога бил казнет за некои мали прекршоци, казната си ја плаќал сам без да му асистира таткото Амди Бајрам. Секако, Габриел Бајрам иако не бил вклучен во политичкиот живот на својот татко, сепак, тој наследил важна особина од својот родител: дружењето со народот. Секогаш знаел да застане низ улиците во Шуто Оризари и да разговара со своите пријатели а често пиеше кафе, ручаше и вечераше низ локалните продавнички, маркети и кафичи.

Поради својот карактер и поради добродушноста, Габриел Бајрам беше избран за претседател на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија од страна на делегатите од партијата. Неговата цел за вклучување во политичкиот живот е да го продолжи патот и идеологија на семејството, дека помоќните мора да им помогнат на послабите, без тоа истото да биде обострано или искористено за личен престиж или кариера. Во буквална смисла на зборот, Габриел Бајрам влезе во политиката за да им помогне на Ромите, како најсиромашен народ и да обезбеди еднакви можности за младите во нивниот развој.

Иако секогаш под притисоци, Габриел Бајрам секојдневно и помага на заедница. Финансиска подршка на џамијата, делење на прехрамбени пакети за сиромашните, подршка на лица кои имаат здравствени проблеми и реновирање на куќи за сиромашни семејства. Ете, скоро две години, откако е лидер на партијата, веќе може да се бројат неколку политички резултати но и резултати кои се видливи а особено во полето на вработувањето на Ромите во државните институции. Но, секогаш во животот постојат предизвици и проблеми кои се појавуваат кога добрите дела, напредокот и успешноста се адутот во прашање. Општеството, за жал го поврзува името Габриел Бајрам во негативен контекст без да ја знае вистината.

Додека Амди Бајрам уживаше во довербата и симпатиите во најголем број од Ромската заедница, како и другите националности од Македонија, со своите мудри и искрени одлуки, како да им сметаше на некои „големци„ па му прикачуваа разно разни афери, случаи, и контраверзи, само да му го намалат кредибилитетот. Toa што го доживеа Амди Бајрам на времето, истото се случува и со Габриел Бајрам. Но времето е најдобриот лек за лечење на рани. Семејството Бајрам има искуство со надминување на вакви тешки моменти и секогаш на крајот излегува со чист образ и гордост пред својот народ.