October 5, 2022 13:07
Спорт

Нена Трајчевска направи трансфер во Шпанија

Нена Трајчевска ја заврши успешно минатата сезона. Со екипата на Бадел 1862 ја освои шампионската титула во домашниот шампионат, а во новата сезона одново ќе игра надвор од границите на Македонија.

Нов клуб на македонската кошаркарска репрезентативка е шпанскиот второлигаш Понтеведра, третопласиран минатата сезона во оваа конкуренција.

Претходно, крилото во нашиот женски сениорски национален тим играше во Германија, Србија, Шведска и во Турција.