October 3, 2022 16:08
Балкан

Невреме во Србија со паднати дрва, оштетени автомобили

Во радарскиот центар Ужице, кој ги покрива областите Златибор и Моравица, велат дека поради нивната моментална зафатеност и вклученост во одбраната од град, не можат да зборуваат за деталите и обемот на невремето што го зафатило Ужице и неговата околина,објави српски Курир.

По тропскиот ден во кој во некои градови биле измерени 40 степени, вечерва невреме ги погоди Чачак и Ужице. Според последните информации, силен дожд врне и во Ваљево и Аранѓеловац.

Силен дожд пропратен со ветер го зафатил и Чачак околу 17:30 часот.