September 28, 2022 15:23
Македонија

На „Табановце” се чека повеќе од еден час, на „Богородица” за излез 15 до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граниќниот премин „Табановце” времето на чекање за влез и излез од државата е повеќе од еден час, на преминот „Богородица” за излез од државата се чека од 15 до 30 минути.

Како што информираат од Автомотосојузот на Македонија, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.